iOS 13 ќе има Dark mode, повеќе прозорци за iPad и други подобрувања

Apple ќе го претстави iOS 13 на својата годишна конференција за програмери во јуни, а сега се појавија информации за тоа што може да се очекува во новата верзија на мобилниот оперативен систем.

Најпрвин, iPhone и iPad уредите ќе го добијат долгоочекуваниот темен режим на системско ниво, кој може да се вклучи во подесувањата. Исто така, iPad апликациите кои работат на Mac преку Marzipan ќе можат да ги искористат предностите на темниот режим на двата система.

Ќе постојат голем број измени во iOS 13 кои се специфични за iPad, а ова ја вклучува и можноста за отворање на повеќе прозорци. Секој од прозорците ќе содржи листови кои се прикачени за одреден дел од екранот, но можат да се откачат со повлекување, по што стануваат картички кои е можно да се поместуваат.

iOS 13 ќе ги добие и стандардните “undo” гестикулации. Можно е повлекување со три прсти во областа на тастатурата – лево за undo и десно за redo. За да им се стави до знаење дека функцијата постои, ќе се појави туторијал кога тастатурата прв пат ќе се користи во ажурирањето.

Mail апликацијата ќе ги организира пораките во категории (како што се маркетинг, купувања, патувања и друго), а се ќе може да се пребарува. Апликациите засновани на екстерни документи ќе добијат полесни алатки за колаборација, слично на она што е достапно во Apple Pages, Numbers и Keynote апликациите.

Ќе постојат уште некои карактеристики специфични за користење на програмерите, а повеќе официјални детали се очекуваат на презентацијата во рамките на WWDC, на 3. јуни.