Тим на истражувачи од Универзитетот во Бостон дизајнираа уред што го нарекоа акустичен метаматеријал, а кој блокира 94 одсто од дојдовните звуци.

Се работи за 3D печатен уред во облик на прстен кој е направен од метаматеријали и изработен според многу прецизни математички формули. Обликот е специјално дизајниран за да ги попречува дојдовните звучни бранови и одбивајќи да ги испраќа назад по патот по кој стигнале.

Прстенот е обложен со акустичен метаматеријал кој го апсорбира звукот и вибрациите ги претвора во топлина. Важно е да се нагласи дека овој уред е целосно отворен и дека низ него можат да патуваат воздухот и светлината.

Истражувачите се уверени дека можностите се бескрајни, бидејќи во ситуациите во кои е потребно да се блокира звукот со непречен проток на воздух, овој уред во реалниот свет може да се примени на многу начини.

“Наша идеја е математички да осмислиме објект кој може да блокира звуци од било што”, наведе Xin Zhang, професор од Универзитетот во Бостон.