Спектакуларен натпревар на небото – гејмери играа на платформа висока 40 метри (ВИДЕО)

Спектакуларен натпревар на небото се одигра викендов во Хрватска. Дваесет и двајца гејмери играа и се натпреваруваа во видеоигри на платформа висока 40 метри.

Натпреварот наречен ,,Гејминг на небото” го организираше Lvl8. Во популарната игра PUBG се натпреваруваа 22 играчи, кои играа на специјално адаптирана платформа крената со кран на височина од една осумкатница.

Ниту ладното, ниту лошото време не им пречеше на гејмерите да играат неколку часа високо на синото небо над Загреб. Иако, како што самите признаа, нивните прсти буквилно им измрзнале.

На настанот учествуваа голем број гејмери, кои со години изработуваат маски од своите омилени ликови од игрите, со кои натстапуваат на натпревари.