Huawei MateBook E е 2-во-1 лаптоп со Snapdragon 850 (ВИДЕО)

Huawei претстави нов лаптоп од серијата MateBook E. Се работи за 2-во-1 уред, кој по одвојувањето на тастатурата може да се користи и како таблет.

За разлика од оригиналниот модел од 2017. година, кој пристигна со процесори на Intel, моделот за 2019. година се темели на Snapdragon 850. Благодарение на тоа, се очекува и подолг век на батеријата (до 20 часа), која има капацитет од 36,6 Whr.

Ова беше воедно и најголемата промена во однос на претходните модели. Остатокот од спецификациите е помалку или повеќе ист. MateBook E (2019) и натаму има 12 инчен QHD екран (2160 x 1440 пиксели) со формат 3:2, 4 GB или 8 GB RAM и 256 GB и 512 GB простор за складирање. RAM меморијата е LPDDR4, просторот за податоци е UFS SSD. За жал, нема можност за накнадно проширување на интерната меморија, бидејќи нема поддршка, па со тоа ни влез за мемориски картички.

Бидејќи Snapdragon 850 е замислен како процесор за лаптопи кои цело време ќе бидат споени на интернет, додадена е и поддршка за eSIM картичка и 4G LTE мрежа. Понатаму, MateBook E (2019) има и еден USB-C порт, поддршка за Wi-Fi (802.11 ac 2×2 MIMO) и Bluetooth (4.1) технологии. Како и секој друг хибриден 2-во-1 уред на пазарот, и овој има две камери – една од задната (13 MP) и една од предната страна (5 MP). Huawei не ги заборави ни љубителите на музиката кои воедно се и сопственици на слушалките со 3,5-милиметарски приклучок и им осигура токму еден таков порт.