Vaio A12 конечно пристигна и во Европа

Јапонскиот VAIO премногу не брзаше со донесување на хибридниот преносен компјутер A12 во европските продавници. Имено, наведениот лаптоп официјално е претставен уште кон крајот на минатата година, но речиси половина година беше ексклузива за јапонскиот пазар.

Vaio A12 е хибриден 2-во-1 преносник, што значи дека освен како преносен компјутер, може да се користи и како таблет. За да се трансформира од еден уред во друг, доволно е само да се одвои тастатурата. Се темели на осмата генерација процесори на Intel од серијата Amber Lake-Y.

Преносникот има 12,5-инчен екран со резолуција 1920х1080 пиксели. Бидејќи може да се користи и како таблет јасно е дека екранот е осетлив на допир. A12 има две батерии – една во куќиштето на екранот, а втората во рамките на тастатурата. Производителот наведува дека во таблет мод A12 може да работи до 8 часа, а со додавање на тастатура, автономијата се зголемува до 15 часа.

Подеталните спецификации се достапни на страниците на производителот. Цената на основниот модел на европскиот пазае е околу 2300 евра.