Skype овозможува делење на Android екранот во видео повиците

Откако ги доби функциите како за,атување на позадината и клиент за повикување заснован на веб, Skype ја добива и можноста за далечинско делење на екранот со контактите – ова ја вклучува и поддршката за десктоп, но и за Android и iOS уредите.

Microsoft истакнува дека функцијата ќе им овозможи на корисниците да соработуваат на PowerPoint презентации со колегите, со пријателите да одат во онлајн шопинг и друго. Скринштовите, споделени од Microsoft, укажуваат на тоа дека се што ќе биде прикажано на корисничкиот екран, вклучувајќи ги и постоечките и дојдовни известувања, ќе биде делено со другите преку screen sharing функцијата.

Опишаната функција ќе биде достапна и на потрошувачката, како и на бизнис верзијата на Skype. Моментно, функцијата е лимитирана само на Skype Insider (beta tester) програмата, а за да се приклучи на остатокот од прстените, можно е да се преземе најновата Insider верзија на Skype, преку овој линк.

Неодамна уште една опција од Skype Preview е надградена на стабилна верзија, а во прашање е овозможување до 50 луѓе истовремено да учествуваат во видео повикот.