Неодамна се појави информација дека првиот iPhone со поддршка за 5G мрежа би можел да се појави во 2020. година, за подоцна да се прошират гласини дека до тоа би можело да дојде дури во 2021. година.

Тоа би можело да случи поради проблемите кои потекнуваат од Intel, кој најверојатно нема да биде во можност да ги испочитува роковите на испорака на XMM 8160 5G модемите наменети за Apple.

Свртувањето кон Samsung или MediaTek не би помогнало многу, бидејќи и тие имаат свои обврски кои мораат да ги испочитуваат, а ни Qualcomm веројатно не доаѓа во предвид поради неодманешниот судски спор со Apple.

Ситуацијата би можел да ја искористи Huawei, кој на Apple, наводно, веќе му го понудил својот 5G модем Balong 5000.

Иако оваа платформа првобитно беше наменета исклучиво за примена во уредите на Huawei, изгледа дека евентуалното отстапување на Apple не би претставувало никаков проблем, бидејќи американската компанија не претставува никаква конкуренција.

Huawei во сето ова гледа и прилика за добра заработка, со оглед на тоа дека iPhone на Apple и натаму е најпродаван паметен телефон на светот. Со оглед на неговата висока цена, логично би било да се очекува дека на сите модели и верзии во стартот би им била наменета поддршката за 5G мрежи.