Sony демонстрираше огромен 16K телевизор

Иако се очекува дека ќе помине доста време додека новата технологија не почне да им се нуди на мејнстрим потрошувачите, имавме прилика да видиме 16K дисплеи во комерцијалните и прототип издание во текот на последната година.

Во текот на NAB (National Association of Broadcasters) 2019 саемот, Sony во Лас вегас го прикажа својот 16K дисплеј, која има висина од пет метри и должина од 19 метри. Екранот моментно е инсталиран во Shiseido Research центарот во Јапонија.

Иако резолуцијата на овој 16K модел е импресивна, не е во прашање еден дисплеј. Наместо тоа, Sony се потпира на својата Crystal LED технологија, која на компанијата и овозможува да користи повеќе панели заедно, без видливи рамки. Паанелите нудат осветлување до 1000 cd/m², поддржуваат максимално освежување од 120Hz и слика која е јасна, без оглед на аголот на гледање.

Со оглед дека технологијата на креирање на ваквиот дисплеј е прилично ретка, Sony мораше да креира и специфичен филм за Shiseido, за да може дисплејот да прикажува некоја содржина во истражувачкиот центар.