Велика Британија воведува најостри мерки во светот за заштита на децата на интернет

Велика Британија ќе има најостри интернет-закони во светот, соопштија денеска британските министри, а во исто време британската влада ја поддржа кампањата на „Дејли телеграф“ за законската обврска за заштита на децата на интернет.

Министерот за култура Џереми Рајт и министерот за внатрешни работи Саџид Џавид ја открија „Белата книга“ со плановите за обврските на заштита што треба да се спроведе од страна на новиот независен регулатор, според Дејли телеграф.

Како што рече Рајт, реформите се најдобриот начин да се воведат јасни, конкретни одговорности во борбата со чувствителни содржини или интернет-активности.

Велика Британија ќе воведе казни што ќе ги принудат технолошките компаниите да „седнат и да земат предвид“, ако не преземат сè што е можно да се запрат штетните содржини на нивните платформи, кажа Рајт.

„Ако се погледне на казните на располагање на Комесарот за информации во врска со ГДПР-правилата, тоа би можело да биде четири отсто од прометот на компанијата … нешто слично треба да биде и тука”, додаде Рајт.