Компанијата Tesla додаде две нови Atari игри за својот инфотејнмент систем (ВИДЕО)

На многумина им е познато дека инфотејнмент системот на компанијата Tesla содржи и видеоигри, а сега се додадени две нови. Сопствениците на теслините модели X, S и 3 можат да го надградат својот софтвер, по што ќе добијат нови две игри, а тоа се 2048 и Super BreakOut, кои можат да играат со конзолата TeslAtari.

Сега листата на достапни видеоигри ја сочинуваат 2048, Super BreakOut, Missile Command, Asteroids, Lunar Lander и Centipede.