Претходно оваа недела, се појавија рендери на првиот смартфон на Motorola со три камери, кој би требало да го носи името P40 Power или P40 Note. Сега имаме нацрти од првиот паметен телефон на компанијата со четири камери.

Популарниот дојавувач @OnLeaks објави CAD рендери и видео од 360 степени од претстојниот смартфон, откривајќи го неговиот дизајн.

Уредот има 6,2-инчен дисплеј со сензор за отпечатоци од прсти интегриран во екранот. На задната страна е системот со четири камери, кој има 48 MP главен сензор. Димензиите на уредот се 158,7 x 75 x 8,8 мм, но не е познато дали оваа дебелина вклучува и испакнување за камерата.

Останатите информации, кои можат да се заклучат од фотографиите, вклучуваат копчиња за вклучување и звук од десната страна на рамката, приклучок за слушалки и USB-C порт во дното, како и SIM слот и звучник во горниот дел на уредот.

Името и другите детали на телефонот од најновите рендери засега остануваат непознаница.