Колку време гејмерите всушност поминуваат во видеоигрите?

Глобално истражување открива колку време гејмерите всушност поминуваат играјќи видео игри. 

Компанијата Limelight Networks спроведе истражување во кое беа опфатени најмалку 8 земји во светот и објави интересни резултати. Во документот со име „State of online gaming“, компанијата открива дека во играње игри најмногу време минуваат Германците, а дека луѓето во Сингапур, верувале или не, повеќе сакаат eSport од традиционален спорт.

Во истражувањето учествувале повеќе од 4.500 играчи на видео игри собрани од Германија, Франција, Индија, Јапонија, Сингапур, Италија, Велика Британија и САД. Сите учесници биле постари од 18 години и заедничко им е тоа што најмалку еднаш неделно повеќе часа минуваат во игра.

Истражувањето открива дека просечен играч неделно минува околу 7.11 часа играјќи игри. Најмногу време минуваат Германците кои играат околу час подолго од просечниот играч од ова истражување. Потоа следат Американците и жителите на Сингапур. Според податоците најмногу играат гејмерите постари од 26 години и помлади од 35 години, во просек 8.21 часа.

Интересен е фактот што гејмерите сакаат да гледаат други играчи додека играат игри и тоа го пренесуваат преку Twitch или YouTube, па и преку Facebook Live. 66 проценти од испитаниците во Сингапур редовно го следат онлајн играњето на другите играчи ширум светот. Во истата држава eSport е популарен од традиционалниот спорт, а скоро 40 проценти од испитаниците сакаат професионално да се занимаваат со играње игри.

Извор: Mondo.rs