Игра инспирирана од војната во Сараево продадена во 4,5 милиони примероци (ВИДЕО)

Стратешката игра This War of Mine на 11 Bit Studios го премина прагот од 4,5 милиони продадени примероци откако беше лансирана на пазарот во 2014 година. Најмногу примероци од оваа игра се продадени во САД.

Играта е компатибилна со PC, PlayStation 4, Nintendo Switch, Xbox One, iOS и Android.

This War of Mine е за група цивили кои се борат во опколениот град за време на војната. Инспирирана е од опсадата на Сараево што траеше од 1992 до 1995 година.

Главната цел во играта е да се преживее војната со алатите и материјалите кои играчот може да ги стекне со ликот со кој управува. Играчот мора да води грижа за потребите на сите ликови за да функционираат најдобро што може, така што може да прави алати, средства за спасување, да готви храна…

Играта освои повеќе од 100 награди откако беше лансирана пред 5 години, вклучувајќи ја и наградата на Independent Games Festival, наградата Games For Change и SXSW Cultural Innovation Award.

Сите приходи од продажбата на играта се насочуваат кон непрофитната организација War Child за помош на деца кои живеат во воени подрачја како Авганистан, Ирак, Демократска Република Конго и Јемен, а 11 Bit Studios досега има донирано повеќе од 500.000 долари на оваа организација.

11 Bit Studios минатата недела издаде нова самостојна експанзија насловена This War of Mine: Stories — Father’s Promise на iOS и на Android.

Извор: Klix.ba