Гејмер влезе во Гинисовата книга со најголема колекција на видеоигри (ВИДЕО)

Антонио Монтеиро од Соединетите Американски Држави може да се пофали со феноменална колекција од преку 20.000 игри, која му ја донесе наградата за Гинисовата книга на рекорди за најголемата светска колекција на видеоигри.

Тимот од Гинисовата книга го посети домот на Монтеиро во кое се наоѓа гејмерската колекција за конзоли од втората до осмата генерација, а на тимот му беа потребни осум дена да помине низ колекцијата и да ја одобри споменатата награда.

Монтеиро своите игри ги собира од моментот кога неговата „зависност” почнала со играта Golden Axe, која и денес е една од неговите омилени игри. Тој во својата колекција има и преку 100 конзоли, на кои може да се играат вкупно 20.139 видеоигри (овој број константно расте).