Apple Arcade е нова услуга за игри со претплата (ВИДЕО)

Третата нова услуга на Apple, која беше претставена на неодамнешната пресентација е Apple Arcade. Во пракса, ова е сервис за претплата на игри, но достапни се само App Store iOS наслови.

Има околу 300.000 игри во продавницата, но Apple ќе се обиде да ги избере најдобрите од нив за да ги понуди на Apple Arcade сервисот. Ќе има 100 игри достапни за iPhone, iPad, Mac и Apple TV.

Насловите за кои станува збор ќе бидат ексклузивни за платформата на Apple и нема да бидат достапни на друго место. Корисниците ќе можат да продолжат со играта на различни уреди, откако ќеима и офлајн поддршка.

Покрај тоа, многу наслови поддржуваат и гејмерски контролори.

Досега, нема информации за цената на услугата, но Apple вели дека ќе биде достапна во повеќе од 150 земји и ќе биде лансирана оваа есен.