Овој модел го носи името на британски физичар од деветнаесеттиот век.

Создадена во 2016 година, кинеската компанија Wuhan Grove Hydrogen Automobile Co. го покажа својот прв завршен проект – прототип на водороден автомобил наречен Grove.

Станува збор за комбе со продолжен преден капак и наназад поместена патничка кабина. Предниот дел од Grove потсетува на моделите на Maserati, но кинескиот автомобил не е толку хармоничен. Сите негови панели на каросеријата се направени од карбон, а погонот е на водородни ќелии – со хемиска реакција водородот се претвора во електрична енергија, која го задвижува електричниот мотор.

Компанијата соопшти дека моделот го крстиле по британскиот физичар и пронаоѓач Вили Роберт Гроув. Главната карактеристика на автомобилот е неговата огромна километража со едно полнење – 1000 километри. Од компанијата тврдат дека дека резервоарот за водород се полни за само неколку минути, а Grove e комплетно зелено возило – од издувните цевки излегува само водена пареа.

Извор: Додај Гас