Apple само што ја претстави втората генерација на AirPods слушалки, која сепак ќе добие конкуренција од компанијата Beats. 

Сепак, не се работи за вистинска конкуренција, бидејќи Apple ги поседува Beats, така што компанијата профитира во двата случаја, а покрај тоа на купувачите им нуди и избор.

Се работи за безжичните слушалки Beats PowerBeats3 Wireless, кои наскоро ќе бидат претставени. Тоа го откри извор од продажниот синџир, кој и претходно даваше исправни информации.

PowerBeats3 слушалките, за разлика од AirPods имаат куки кои се ставаат над увото, поради што се стабилни, а кабелот кој ги поврзува, сме сместува зад вратот. Следната верзија на Beats слушалки би останала без кабел.

Исто така, PowerBeats3 слушалките го поддржуваат паметниот асистент Siri, а би требало да имаат и подолготрајна батерија во однос на AirPods. Исто така, слушалките го поседуваат H1 чипот, баш како и новите AirPods слушалки.

Моделот на Beats им е наменет на лицата кои се занимаваат со спорт, а самите слушалки се стабилни во текот на физичките активности. Од сруга страна, AirPods слишалките на Apple се повеќе за “вообичаена” употреба.