За време на конференцијата GDC, компанијата Oculus, која е дел од Facebook, претстави нов хед-сет за виртуелна реалност.

Oculus Rift S е дизајниран да работи со компјутери и вклучува технологија за следење на движењето – Oculus Insight. Благодарение на нес, не се потребни надворешни сензори, туку се потпира на компјутерски алгоритми.

Rift S вклучува пет сензори за следење на движење кои се комбинираат со технологијата inside-out во контролорите Oculus Touch. Во нив, исто така, има стикови и контролни копчиња.

Екранот на хед-сетот има подобрен оптички систем за подобар квалитет на сликата и поголема густина на пиксели. Rift S работи со Rift платформата, давајќи пристап до широк каталог на наслови, а наскоро треба да се очекуваат нови игри како што се Asgard’s Wrath, Defector и Stormland.

За дизајнот на Rift S, Oculus ги здружи силите со Lenovo. Како резултат на тоа, хед-сетот е поудобен и со пооптимална распределба на тежината.

Постои и систем за комуникација од еден кабел за врска кон компјутерот. Rift S го има истиот звучен систем како Oculus Quest и Oculus Go, а исто така е достапен приклучок за слушалки.

Моделот исто така вклучува и технологија наречена Passthrough +, која ви овозможува да видите што се случува во реалниот свет.

Rift S ќе биде достапен во пролетта по цена од 399 долари.