Nintendo годинава ќе претстави два нови модела на конзолата Switch

Компанијата Nintendo работи на две нови верзии на својата рачна конзола Switch, која ќе се појави ова лето, пишува Wall Street Journal.

Едем од моделите би требало да претставува поевтина верзија на Switch, додека другиот ќе има подобри перформанси и ќе биде наменет за посветените гејмери.

Шпекулациите велат дека новиот модел нема да добие опција за вибрации и многу веројатно нема да ги има страничните Joy-Con контролери. Овој модел се смета за наследник на конзолата 3DS. На почетокот на оваа година беше соопштено дека Nintendo има намера да претстави помала конзола Switch, која ќе биде фокусирана на преносливост и практичност.

Во извештајот нема детали околу поскапиот модел со подобрени перформанси, но секако дека постои простор за подобрување, бидејќи актуелниот Switch користи процесор Tegra X1 веќе четири години.

Иако датумот останува непознат, се очекува дека промоцијата на новите модели на конзолата Switch ќе бидат претставени на саемот Е3 во јуни оваа година.

Извор: Klix.ba