Huawei P30 и P30 Pro ќе снимаат Dual-View видео

Останаа неколку дена до официјалната објава на Huawei P30 и P30 Pro, а досега протекоа речиси сите детали за уредите. За да се надополни сликата, Huawei Singapur одделението ги истакна најдобрите функции на двата телефона, како и некои промотивни додатоци во текот на објавата. Сега останува само Huawei официјално да ги претстави новите смартфони и да ги пласира на пазарот.

Купувањето на Huawei P30 и P30 Pro на самиот ден на појавување на пазарот (6. април) на купувачите ќе им овозможи да добијат бесплатен Huawei Watch GT и JBL Clip 2 звучник. Купувачите во Европа исто така ќе добијат паметен часовник (но засега не е сигурно дали истото ќе важи и за звучникот).

Кога се спецификациите во прашање, телефоните ќе нудат атрактивен дизајн со градиенти на бои, премиум камери со можности на квалитетно снимање во услови на слабо осветлување и интересна Dual-View функција.

Dual-View Video функцијата ќе биде овозможена преку OTA надградба. Функцијата ќе овозможи креирање на поделен екран за видео, со помош на две камери на задната страна, прикажувајќи широк и зумиран преглед на сцената.

Останатите спецификации вклучуваат 40MP „SuperSpectrum Sensor” способен за снимање во „super high ISO” мод и видео во услови на послабо осветлување. Huawei P30 Pro ќе имаат и перископ камера (10x хибридно зумирање) со OIS и ToF сензор.