Google ја претстави услугата Stadia за стриминг на видео игри (ВИДЕО)

Google претстави нова платформа и конзола за видео игри, под името Stadia, која ќе покренува поквалитетни игри од традиционалните конзоли.

По лансирањето, стриминг услугата Stadia ќе работи на компјутерите, лаптопите, телевизорите и телефоните, истакна менаџерот на Google, Фил Харисон.

Покрај новата игра, Google исто така претстави и свој гејминг контролер на настанот одржан во Сан Франциско.

На овој контролер е вградено копче за снимање и споделување на игри директно на YouTube. Од Google велат дека Stadia контролерот ќе се поврзува директно на интернет, комуницирајќи со серверите на Google независно од другите хардвери.

Исто така, компанијата најави дека играта наречена Doom Eternal ќе биде една од првите достапни игри на платформата на Google.

Stadia оваа година официјално ќе се најде на пазарот на Америка, Велика Британија, Канада и Европа, но од Google не прецизираа кога точно.

Google ветува дека нивната нова гејминг платформа ќе овозможи игри во 4K резолуција и со 60 фрејма, а во иднина можно е да понудат и 8K игри  со 120 фрејма. Денешните понапредни конзоли Xbox One X и Play Station 4 Pro можат да поддржат 4K игри со 60 фрејма, но бројот на овие игри е лимитиран.

Стотици милиони луѓе секој ден ги следат видеоигрите на YouTube и нашата визија е да ги доближиме тие светови. Со притискање на копчето ‘играј на Stadia‘, играта ќе може да почне да се игра за само неколку секунди“, изјави Фил Харисон, новоназначениот шеф на одделот за видеоигри во Google.