Samsung Notebook 9 Pen и Notebook 9 Pro станаа достапни за купувачите (ВИДЕО)

Samsung во декември го најави својот освежен Notebook 9 Pen, по што во јануари следуваше моделот Notebook 9 Pro. Компанијата сега објави дека двата нови лаптопи ќе можат да се купат од 17. март.

Дизајнирани за креатори и професионалци, двата уреда се конвертибилни, имаат Intel Whiskey Lake процесори (Core i7-8565U). Notebook 9 Pen пристигнува со S Pen паметно пенкалце, додека Notebook 9 Pro повеќе се фокусира на дизајн, со исклучително метално куќиште и ултра-тенок профил.

Notebook 9 Pen пристигнува во три варијанти: тука е 13,3-инчниот модел со 8GB LPDDR3 меморија и 512GB PCIe NVMe SSD по цена од 1400 долари, а има и два модела од 15 инчи со 1080p екрани. За 1600 долари се добива 16GB RAM и 512GB SSD, додека за 1800 долари се добива посебна графичка картичка во вид на Nvidia GeForce MX150 и 1TB SSD.

Notebook 9 Pro пристигнува со 13.3-инчен 1080p екран во две конфигурации. По цена од 110 долари се добива 8GB LPDDR3 RAM и 256GB PCIe NVMe SSD, додека за 1300 долари ќе биде можно да се добие 16GB RAM и 512GB простор за складирање.

Samsung Notebook 9 Pen ќе биде достапен преку Amazon и Samsung.com сајтовите, додека Notebook 9 Pro ќе може да се купи преку Best Buy и Samsung.com продавниците.