Корисниците на Gmail наскоро ќе можат да закажуваат испраќање на мејлови

Корисниците на Gmail ширум светот долго чекаат на опцијата на закажување на мејлови, која на многумина би им ги олеснила бројните обврски, а се чини дека наскоро ќе можат да уживаат во оваа можност.

Најновата надградба на Gmail за Android уредите ќе ја вклучува и опцијата за закажување на испраќање на мејловите. На тој начин, ќе можете да го одложите испраќањето на мејловите за десет минути или десет дена.

Покрај оваа опција, на корисниците ќе им биде овозможено и да го откажат испраќањето на закажан мејл. Покрај тоа, закажаните мејлови ќе бидат испратени и кога ќе бидете офлајн или доколку ви се испразни батеријата на смартфонот.

Ова не е прв пат да се зборува за оваа можност на Gmail. Кон средината на минатата година се појавија назнаки дека Gmail би можел да овозможи закажување на испраќањето мејлови, а сега оваа опција им е поблиска на корисниците од било кога.

Постои можност, пишуваат странските медиуми, дека Gmail ќе ја стартува новата опција за својот 15. роденден, кој го обележува следниот месец.