Станал милионер за неколку часа со видеоигри и следбеници на Twitter (ВИДЕО)

Колку вредат неколку часа играње видеоигри и неколку твитови за тоа? Милион долари доколку се викате Тајлер Блевис, на многумина познат како Ninja, најследениот играч на видеоигри во светот.

Блевинс беше еден од неколкуте избрани професионалци со голем број фанови кои Electronic Arts ги избра за промоција на својата најнова игра Apex Legends.

27 годишното момче, кое е познато по честите промени на бојата на косата, во новата игра на Respawn Entertainment твиташе на 5 март и пред своите 13 милиони следебници ја заигра играта на стриминг платформата Twitch. За тоа му биле платени околу милион долари, откри извор за Ројтерс.

Износот е тој кој ја рефлектира сè поголемата борба за доминација во жанрот battle royale, откако мегапопуларната Fortnite ги присили големите издавачи како Electronic Arts да се обидат и во неа.

Претставниците на Electronic Arts одбиле да ги коментираат износите, но потврдиле дека го ангажирале и полско-канадскиот стример Шруд, кој има речиси 6 милиони следбеници на Twitch и уште некои други, ширум светот.

Цената на акциите на EA и пазарната вредност пораснаа за 16% или 4 милијарди долари во три дена после лансирањето на Apex Legends, а еден месец подоцна играта има 50 милиони корисници, четвртина од 200 милиони на Fortnite.

Извор: B92.net