Наскоро пристигнува гејминг конзолата на Google

За време на конференцијата GDC 2019, Google се очекува да открие повеќе за својата услуга за стриминг на видео игри, со кодно име Yeti. Освен облачниот дел од проектот што веќе го знаеме (Project Stream), компанијата исто така подготвува хардверски производ. Тоа веројатно ќе биде во форма на гејминг контролер, а за тоа дозаваме од обновен патент на компанијата во USPTO. Откритието го направи Yanko Design, кои исто така подготвиле компјутерски генерирани слики врз основа на скици.

Патентот опишува уред со процесор и вградена меморија. Уредот исто така може да вклучува и вграден екран, на кој ќе се гледаат известувања од платформа, како што се игри, чатови и друго. Патентот, исто така, сугерира звучна компонента. Уредот може да се поврзе преку USB, Bluetooth или Wi-Fi.

При интеракција со известување, контролорот може да стартува соодветна апликација која е инсталирана на приемниот уред. Таков уред може да биде телевизор, таблет или паметен телефон. Доколку постојат повеќе истовремени уреди, корисникот ќе може да избере која содржина каде да се репродуцира. Во внатрешната меморија ќе може да се зачуваат кориснички податоци и други поставки. Уредот исто така ќе може да прифаќа лозинки преку комбинација на клучеви.