Instagram повторно проработе, Facebook и натаму во проблеми

Вчерашниот ден голем број на корисници на социјалните мрежи, не можеа да ги извршуваат своите секојдневни активности, поради падот на најголемите мрежи Instagram и Facebook. Во текот на денешниот ден Instagram повторно беше активиран, но за голем број корисници Facebook и понатаму останал недостапен.

Од компаниите Instagram, WhatsApp и Facebook јавиле дека од средата во попладневните часови сите се соочуваат со најголемит прекин на мрежите од нивното оформување.

Од Facebook не објасниле за каков проблем се работи, само нагласија дека не станува збор за хакерски напад. Според „ДаунДетектор“ за мапи, корисниците на Instagram, WhatsApp и Facebook во делови од САД, Јапонија и некои области на Европа, од вчера не можеле да имаат пристап на тие мрежи.

Портпаролот на Facebook го потврдил прекинот на работа, не навлегувајќи во повеќе детали. Само изјавл дека проблемот со пристапот на сајтовите на овие социјални мрежи, траел преку 12 часа.

Од компанијата со седиште во Менло Парк, во Калифорнија, која остварува огромна количина од приходите од огласување, изјавиле за Bloomberg дека сеуште истражуваат до која мера вчерашниот прекин ги има погодено и ја разгледуваат можноста за да им се вратат парите.