Францускиот производител на суперспортски автомобили ќе направи реплика на детската верзија на класичниот модел Type 35, првично направен во 1920-тите и 30-тите години на минатиот век.

Оригиналниот Bugatti Type 35 Baby настанал во 1926 година, кога основачот и сопственик Еторе Бугати го во намалена верзија за својот четиригодишен син.

Еторе не планирал повеќе примероци од оваа детска варијанта, но се премислил кога луѓето кои ги посетувале почнале да се воодушевуваат од овој „автомобил“. На крајот, одобрил сериско производство, па од 1927 до 1936 година се произведени 500 копии од Bugatti Type 35 Baby.

Не е познато колку оригинални автомобили преживеале до денес, но наскоро на пазарот ќе се појави модерна реплика на малиот Bugatti, под ознаката Baby II.  За погон ќе се користи електромотор и батерии во кои ќе се складира електричната енергија, а моќта ќе се пренесува на задните тркала.

Како „вистински“ електричен автомобил за возрасни, и Baby II ќе има систем за регенеративно сопирање кој ќе се користи за полнење на батериите во возење.

Интересно е што оваа играчка чиј сооднос со димензиите на оригиналот е 3/4: 1, ќе може да ја возат и возрасни.

Автомобилот во режим за возрасни ќе располага со моќност од 4 kW и ќе може да достигне брзина од 45 km/h, додека во таканаречениот „детски режим“ моќноста е лимитирана на 1 kW (1.3 КС), а максималната брзина со ограничување од 20 km/h. Bugatti за вљубениците во класични автомобили ќе овозможи оваа играчка за возрасни да ја нарачаат и во специјална варијанта со 10 kW (13,6 КС) и отстранет ограничувач на брзината.