Acer го претстави 49-инчниот FreeSync 2 HDR монитор

Acer одицијално го претстави својот најнов FreeSync 2 HDR монитор, со поддршка за речиси се што би можел да посака корисникот – од висока стапка на освежување до Adaptive-Sync и HDR поддршка. Acer EI491CR Pbmiiipx е 49-инчен монитор со 3840 x 1080p резолуција, кој поддржува и FreeSync 2 и VESA DisplayHDR 400.

FreeSync 2 HDR е поддржан со 120Hz стапка на освежување преку HDMI 2.0 и DisplayPort 1.2, иако е можно и освежување од 144Hz, кога се користи режимот за оверклокување на екранот. Acer исто така го истакнува варијабилниот распон на освежување од 48 до 120 Hz, што може да се прошири на 48-144Hz во оверклок мод.

Кога се боите во прашање, мониторот нуди 90% DCI-P3 покриеност, заедно со високи контрасти и дисплеј инпут со ниска латенција. Екранот има 8-битен VA панел и нуди поддршка за 400 нита осветлување, што сугерира дека мониторот најверојатно ги поддржува DisplayHDR 400 спецификациите.

Acer EI491CR Pbmiiipx е прикажан со цена од 1200 долари.