Паднаа Facebook и Instagram ширум светот

Социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во некои држави целосно не функционираат, додека во некои земји не функционираат одредени опции. На „Твитер“ веднаш се појавија гневни и шеговити коментари за проблемите со кои се соочуваат корисниците на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Корисниците во јужна и југоисточна Англија први се соочиле со проблемите, по што следеле корисниците од САД, Бразил, Перу, Колумбија, Мексико и делови од Европа.

И двете социјални мрежи прикажуваат пораки за грешки при обид за нивно користење.

Сè уште не се знае што е причината за проблемите.