Microsoft патентираше сензор за отпечатоци сместен во Windows копчето

Microsoft го заштити патентот кој ја опишува интеграцијата на сензорот за отпечатоци од прсти во некое копче на тастатурата, конкретно во овој случај во Windows копче

Компанијата од Редмонд во септември минатата година заштоти еден интересен патент, кој го откри надлежната американска организација за заштита на патенти. Се работи за патент, кој опишува сензор за отпечатоци од прсти интегриран во копчиња од тастатурата, конкретно Windows копчето.

Досегашните решенија вклучуваа сензор интегриран во копчето за вклучување и исклучување на уредите или пак како засебен елемент на куќиштето.

Како најизгледен уред кој би можел да дојде со оваа технологија е некој од идните уреди од Surface серијата. Доколку некогаш го здогледа светлото на денот, овој патент би требало да стане интегрален дел од Windows Hello услугата на Microsoft, чија цел е со употреба на биометрија во целост да го отстрани користењето на лозинки и освен сензорот за отпечатоци од прсти, вклучува и технологии како што е препознавање на лицето преку инфрацрвени камери.