Fortnite ги “присилува” корисниците на PS4 и Xbox One меѓусебно да се борат

Со години идејата за сместување во тимови на корисници на конзолите PlayStation 4 и Xbox One беше само сон, бидејќи мораа да ја бираат едната од двете страни и да се носат со последиците, но благодарение на популарните игри како Fortnite, мултиплеер лобијата се сега многу поприфатливо место.

Battle royale минатата година им овозможи на играчите да пронајдат пријатели на другите платформи и да играат заедно, а сега Epic Games оди чекор понатаму и автоматски ги “присилува” корисниците на PS4 и Xbox One да се борат меѓусебно.

Како дел од апдејтот 8.10 за Fortnite, Epic ја воведе crossplay опцијата за PS4 и Xbox One играчите, а ако не го направат тоа, ќе бидат ограничени на Creative Mode и Playgrounds.

Новиот апдејт донесува и бројни предмети во играта, како и нови можности, а новитет е и возилото The Baller, едносед кои им помага на играчите да се качуваат на карпи и дрвјата ги штитат се додека не се уништат.

Додека некои гејмери ги поздравуваат новитетите, на други можеби нема да им се допаднат. Играчите на мобилните уреди може да почувствуваат потешкотии додека играат против оние кои користат Nintendo Switch.