Големината на екраните кај телевизорите се зголемува за еден инч годишно

Трендот на пазарот на телевизори од високата класа на модели со големи екрани и ултра-висока резолуција и натаму е во постојан раст. Просечната големина на телевизорите продолжува да расте најмалку 1 инч годишно, додека во Западна Европа растот е уште поголем.

Во исто време, продажбата на телевизори со ултра висока резолуција исто така расте. Во четвртиот квартал на 2018 година за првпат UHD моделите заземаат повеќе од половина од вкупниот обем на испораките, а како целина минатата годината на пазарот се продадени речиси 100 милиони UHD телевизори.

Три четвртини од телевизорите кои беа претставени на пазарот во последниот квартал од 2018 година беа Smart TV, а во Северна Америка нивниот удел надмина 85%.