Новите Airpods слушалки ќе бидат претставени на крајот на март

Според веб-страницата на Applesfera, AirPods ќе стави крај на производниот циклус на крајот на март. Тогаш ќе биде претставена новата генерација на производот. Сегашниот модел е стар две години и за негоима многу измешани чувства по својата премиера.

Сепак, слушалките станаа еден од најдобро продаваните производи на Apple и нивниот наследник се очекува со голема нетрпеливост.

Индикациите дека ќе ги видиме новите AirPods кон крајот на март се сериозни. Во интернет просторот се појави скриншот од магацин во Азија, што покажува дека продажбата на сегашната генерација на слушалки ќе биде прекината на 28-ми март.

Ова се случува ден пред очекуваната презентација на новиот модел и четири дена по друг настан на компанијата од Купертино, кој ќе биде фокусиран на услужниот сектор.

Засега нема речиси никакви информации за новата генерација на AirPods, но дизајнот веројатно ќе остане речиси непроменет. Потрошувачите најверојатно ќе добијат нови функции како подолготрајна батерија и безжично полнење.