Компанијата Nextmove направи тест каде беа споредени електричните автомобили Audi e-tron, Tesla Model X 90D, и Jaguar I-Pace на 87 километри должина на германски автопат, со просечна брзина од 120км/ч. Возилата беа тестирани за потрошувачка, опсег и трошоци за изминати 100 км, а моделот на Tesla во секоја категорија заврши на прво место.

Резултатите покажаа дека моделите на Audi и Jaguar имале потрошувачка на енергија од една четвртина повеќе од Tesla, имаат дупло помал опсег и чинат за четвртина повеќе за да се наполнат за 100 километри. Компанијата Nextmove која го направи ова истражување изјави дека го искористила Model X 90D поради големината на неговата батерија, иако овој модел не е повеќе во продажба.

Што се однесува до моделот на Audi, она што му недостасува во овие мерења го надополнува со брзината на полнењето. Овој модел може да постигне брзина на полнење до 150 kW. Па така, доколку би ја користеле колата за подолги патувања, брзото полнење е прилично битна предност.