NASA објави 168 страни со прекрасни фотографии кои ја прикажуваат земјината атмосфера, водата, копното, мразот и снегот од перспектива на сателит. Копија од книгата која се нарекува „Земја“ чини 53 долари. Или можете да ја добиете бесплатната, интерактивна онлајн верзија на NASA’s Earth Observatory. Доколку сепак сакате да ја имате оваа книга со вас можете и да ја преземете бесплатната пдф верзија или ebook верзијата.

Интерактивната верзија им овозможува на читателите да разгледуваат низ галеријата од слики под кои стои објаснување на инаку апстрактните фотографии. Доколку кликнете на категоријата за мраз и снег ќе ви биде прикажано нешто што наликува на Rorschach inkblot тест. Од страна стои појаснување дека сликата, која е направена од Earth Observing-1 сателитот во 2010, е всушност од Мерц глечерот кој се наоѓа на источен Антарктик.

Доколку се прашувате зошто NASA споделува нешто за кое што е очигледно дека било потребно многу време за да се состави, агенцијата само се надева дека оваа книга ќе инспирира многу луѓе да истражуваат, да ја разберат и повеќе да ја ценат планетата која ја нарекуваме наш дом. Одлуката за бесплатни верзии од оваа книга е обид да се допре до оние кои бараат решенија за битните глобални проблеми како што се промената во процентот на слатките води, обезбедување на храна и човечкото здравје.