Обвинителите од Сан Франциско изминатот месец се обидувале да ја докажат вината на лице обвинето за подведување, а меѓу доказите имало и серија на пораки испратени преку Инстаграм, кои содржат емоџи и емотикони, пишува The Verge.

Една од пораки гласела “тимската работа е работа од соништата“, пришто пораката содржела и емоџи на високи потпетици и вреќи со пари. Според обвинителите, пораката подразбирала воспоставување на работен однос меѓу двете страна. Обвинетиот, пак, рекол дека пораката исто така би можела да значи дека тој се додворувал и сакал да започне романтична врска со жената на којашто и ја испратил пораката, додава The Verge.

Случајот демонстрира дека емоџите и емотиконите се повеќе се појавуваат како судски докази. Помеѓу 2004 и 2019 година, во правните мислења на САД се забележува експоненцијален пораст на содржината на емоџите и емотиконите, односно ова може да се забележи кај 30 проценти од сите случаи за време на 2018 година.

Ова го тврди професорот по право на Универзитетот Санта Клара, Ерик Голдман, кој ги следи сите референци за емоџи и емотикони кои се појавуваат во американските правни мислења. Досега, емоџите и емотиконите ретко биле доволно важни за да влијаат врз правецот во кој се движи случајот.

Но, според The Verge, како што тие стануваат се почести, двосмисленоста во однос на тоа како тие се прикажани и она што ние го толкуваме како нивно значење би можело да стане огромно прашање за судовите што треба да се соочат со процесирањето на ваквите докази.