Tesla има нова услуга која овозможува поудобно и побезбедно време за домашните миленици во нивните автомобили.

На официјалниот профил на Tesla Motors, објавено е промотивното видео за таканаречениот Dog Mode начин на работа на автомобилот додека истиот е паркиран.

Имено, овој начин на работа му овозможува на сопственикот да го остави домашниот миленик во паркиран автомобил и на топол ден, без страв дека ќе биде „сварен“. Имено, во Dog Mode, работи клима уредот, додека централниот информативен екран ќе ја прикажува моменталната температура во салонот.

Секако дека таа информација не е за кучињата, туку за заинтересираните минувачи, заедно со порака со која се објаснува дека кучињата се безбедни, бидејќи е вклучен специјален режим. Штом капацитетот на батеријата ќе падне до 20%, системот автоматски ќе испрати предупредувачка порака до сопственикот на автомобилот.

Американците мора да бидат внимателни, бидејќи во некои делови на земјата, од очигледни причини, оставање на кучето без надзор на човек е забрането.

Останува надежта дека нема на некој да му текне така да остави дете во автомобилот.

Извор: Додај Гас