Apple напролет може да објави видео-стриминг услуга

Видео-стриминг услугата на Apple, за која веќе подолго време се зборува, може да биде објавена оваа пролет. Според последните информации, од компанијата во Купертино веруваат дека сè ќе биде подготвено до средината на април, кога ќе биде официјална премиера.

Apple подготвува огромна количина оригинална содржина за својата нова понуда. Според различни извори, таа ќе вклучува продукции на Опра Винфри и независното студио А24.

Во моментов, сепак, сè уште не е познато колку ќе чини услугата и какви планови ќе им бидат понудени на потрошувачите. Нема информации ни за содржината што ќе биде вклучена во понудата на Apple.

Интересно, конкурентски услуги ќе стартуваат во април годинава, односно на на 11 април, Disney ќе ја демонстрира својата Disney + услуга, но сервисот ќе биде достапен подоцна оваа година.