Вака изгледа супер автомобилот од 16 милиони евра

Францускиот производител на суперавтомобили „Бугати“ на саемот во Женева треба да го изложи автомобилот во вредност од 16 милиони евра. „Бугати“ во најпопуларниот салон ќе го претстави уникатниот хиперавтомобил.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Тој беше нарачан од никој друг, туку од 81-годишниот Фердинанд Пиех, поранешен директор на Групацијата Фолксваген, внук на Фердинанд Порше.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хиперавтомобилот ќе го предводи тимот на „Бугари“ во Женева, каде што ќе се одбележи 110-годишнината од постоењето на компанијата. Автомобилот се базира на моделот Chiron и се одликува со уникатна каросерија која ја напумпа вредноста на 16 милиони евра.