iPad mini 5 ќе биде помоќен, но без дизајнерски измени

Речиси три и пол години по објавата на iPad mini 4, Apple се подготвува да претстави нов модел од својот најмал таблет, веројатно заедно со 10-инчниот модел како директен наследник на стандардниот iPad 2018 од шестата генерација.

Меѓутоа, бидејќи пазарот на таблет уреди стагнира уште од 2015. година, се очекува дека iPad mini 5 ќе го следи дизајнот на својот древен претходник, според информациите до кои стигна јапонскиот блог Macotakara, а кои се базирани на податоците собрани од неколку производители на додатоци.

Овие извори тврдат дека ќе биде задржани се од iPad mini 4 моделот – од Touch ID сензорот за отпечатоци од прсти до Lightning портот и 3,5 мм приклучок за слушалки. Ова го вклучува вкупниот дизајн, а веројатно и конкретните димензии и големи рамки околу екранот. Секако, интеграцијата на препознавање на лицето и тенките рамки значително би ги зголемиле трошоците на производство на претстојниот iPad mini 5 модел, така што задржувањето на познатиот дизајн е и добра работа.

Застарениот A8 процесор веројатно ќе биде заменет со Apple A10 или A10X чипот, така што ќе биде забележителна значајна надградба на полето на процесорски можности кај новиот таблет.

Apple A10X е истиот чип кој се користи на 10,5-инчниот iPad Pro и втората генерација од 12,9-инчи, додека 2018 iPad 9.7 го користи регуларниот A10 SoC.