Одреден број корисници тестираат AR навигација во Google Maps (ВИДЕО)

Оваа можност е блиска на она што беше ветено за Google Glass, но без AR очилата.

На минатогодишната програмерска конференција Google I/O, прв пат беше прикажана технологија која би требало да овозможи навигација низ апликацијата Google Maps со користење на технологијата на проширена реалност. Сега оваа технологија е доволно развиена, па Google одлучи да им ја даде на неколкумина корисници, меѓу нив и новинарите на Wall Street Journal, да ја тестираат во реално опкружување.

Ова функционира на тој начин што низ камерата на смартфонот се препознава каде “гледа”, а на екранот се прикажува сликата од вистинскиот свет, но со додатоци од навигациски упатства од Google Maps. Со тоа камерата на телефонот и проширената реалност донекаде ја преземаат функцијата на GPS и многу прецизно лоцираат каде се наоѓа корисникот и го упатуваат таму каде што би сакал да оди.

Камерата препознава згради и други карактеристики на околината, па е во состојба да го одреди точносто место каде се наоѓа мобилниот и во кој правец се движи – со самото тоа давајќи поодбри упатства со кои потешко ќе се загубите.

Оваа можност е пред се наменета за пешачење низ град, а за тоа време може некое време да се гледа во смартфонот. Сепак, апликацијата го предупредува пешакот да гледа каде оди и слободно да го спушти телефонот, се додека не му затреба следното навигациско упатство.

Логично е дека вака напредната технологија нема да запре само на смартфоните и пешаците. Нејзината примена е можна како на шофершајбните со додаток на AR екрани во автомобилите, така и кај разните AR очила – ако некогаш станат нешто што ќе сакаме да го носиме на лицето.