Концепт видео покажува како би можел да изгледа Moto RAZR 2019 (ВИДЕО)

Оживувањето на Moto RAZR брендот, во ново руво, е многу популарна тема во последно време. Шематскиот приказ за тоа како хипотетички би можел да изгледа Moto RAZR 2019 се појави минатиот месец, по што се појавија и рендери базирани на скиците.

Сега ни пристигнува концепт видео, кое го креираше Waqar Khan. Клипот е преполн со Moto RAZR телефони, кои се отвораат и затвораат, а тука се и сугерираните решенија за интерфејсот, како што е управувањето со известувањата на надворешниот екран.

Останува да се види колку конкретниот Moto RAZR 2019 ќе биде сличен на овие рендери, посебно доколку знаеме дека актуелната технологија на флексибилни уреди е во рани фази од развојот. Исто така, останува да се види дали новиот Moto RAZR ќе успее да се појави во текот на оваа година и по која цена ќе се продава.