Samsung ќе ги претстави безжичните слушалки Galaxy Buds

Samsung на 20 февруари во Сан Франциско ќе го одржи Unpacked настанот, на којшто ќе бидат претставени смартфоните од Galaxy S10 серијата. Според последните информации, на презентацијата ќе биде прикажан и нов паметен часовник наменет за фитнес.

Покрај часовникот, на настанот наводно ќе бидат претставени и нови безжични слушалки кои би требало да бидат наречени Galaxy Buds. Со ова се продолжува унифицирањето на производите под брендот Galaxy.

Безжичните слушалки треба исто така да пристигнат со безжично полнење, а оваа информација открива и уште една функција која треба да ја има кај Galaxy S10 уредите. Слушалките би требало да можат да се полнат од новите смартфони, што значи дека S10-серијата ќе дојде со можност за полнење на други уреди, иако според големината на батериите, тоа ќе биде препорачливо да се прави само за најавените слушалки.