Оваа игра собра милион играчи за само осум часа од лансирањето!

Иако не постоеше никаква рекламна кампања, а за играта се дозна неколку дена пред претставувањето, Apex Legends успеа за многу кратко време да собере огромен број на играчи.

Така, објавено е дека бројката од милион играчи е надмината за само осум часа, што е навистина импресивно за овој spin-off сместен во Titanfall универзумот.

Една од причините за огромниот скок на бројката на играчи веднаш после лансирањето лежи во тоа што голем број на „стримери“, веднаш започнале да ја играат Apex Legends – станува збор за некои од најпопуларните, како што се DrDisrespect, Shroud, па и Ninja кој што е заштитно лице на Fortnite.

Девелоперите на играта, Respawn Entertainment сакаат Apex Legends да биде игра која ќе се задржи долга низа на години и во план им е да додадат низа на содржини во следните неколку месеци, што секако ќе биде повод да се задржи бројката на играчи.

Извор: B92.net