Lenovo претстави Chromebook со 4K екран (ВИДЕО)

Lenovo кон крајот на минатата година го претстави својот тогаш најнов Yoga Chromebook C630. Посебноста на овој модел во однос на другите, помеѓу останатото, беше и во тоа што требаше да добие и можност на конфигурација со екран со 4K резолуција.

Но, иако Yoga Chromebook C630 е претставен vo август 2018 и на пазарот пристигна два месеца подоцна, се досега во понудата го немаше најавениот 4K model. Lenovo дури сега, односно пет месеци по официјалното претставување во понудата го додаде и овој, премиум модел.

 

Lenovo овој 4K модел го опреми со Intel Core i5-8250U процесор од осмата генерација, со 8 GB RAM и 128 GB eMMC простор за складирање. Графичкиот дел од работата ја извршува графиката која доаѓаа заедно со процесорот – Intel UHD Graphics 620. Дијагоналата на IPS екранот е 15,6“, а резолуцијата, како што веќе наведовме е 4К, односно 3840 х 2160 пиксели.

Инаку, ова е прв Chromebook на светот кој има толку висока резолуција. Само за споредба, да наведеме дека Chromebook Pixelbook на Google има резолуција од 2.400 x 1.600 пиксели, a Pixel Slate од 3.000 x 2.000 точки.

Lenovo Yoga Chromebook C630 има поддршка за Bluetooth (4.1) и Wi-Fi (2×2 MIMO 802.11 ac), веб камера (720p) и три USB портови (2x Type-C i 1x Type-A). Тука е и читачот на мемориски картички со MicroSD формат и тастатура со позадински осветлени копчиња (без RGB).

 

Димензиите на уредот се 361,5 x 248,5 x 17,8 милиметри, а тежината 1,9 килограми. Оперативниот систем секако е Chrome OS, а секој купувач добива и 100 GB бесплатен простор на Google Drive во рок од две години. Подеталните спецификации се достапни на официјалните интернет страници на производителот.

Цената на Yoga Chromebook C630 со 4K екран е 899,99 долари, а на испорака се чека помеѓу 4 и 5 недели.