Најмасовниот концерт на светот се одржа во Fortnite (ВИДЕО)

Диџејот Кристофер Комсток познат како Маршмело е првиот во историјата која одржа виртуелен концерт во играта Fortnite на кој присуствуваа близу десет милиони играчи.

Концертот е одржан на бина на која играчите со денови ја гледале на локацијата Плезент парк, а скиновите и додатоците во ликот на Маршмело со денови го најавувале овој настан.

Покрај тоа што Epic Games како основач на Fortnite е изненаден со големиот број на играчи со оглед на тоа дека Fortnite моментално ја играат најмногу играчи во историјата на онлајн игрите, изненаден беше и Маршмело.

Иако многумина се сомневале дека станува збор за робот кој го одржал концертот, Маршмело рекол дека тоа е виртуелен концерт во живо кој бил реализиран со помош на стручниот тим на Epic Games.

“Испишавме историја. Ова е првиот виртуелен концерт во живо со милион гледачи. Ова е лудило, благодарам Epic Games и сите оние кои го направија ова возможно”, пишува во твитот на Маршмело..

На концертот не изостанаа ниту светлосните ефекти, холограми, добрата забава, а Маршмело 10 минутното видео го објави на својот YouTube канал.