Компанијата Azuri претстави соларен телевизор наменет за пазарот во Африка

Технолошката компанија Azuri Technologies претстави телевизор што со енергија се напојува од соларен панел. Станува збор за TV Solar home system и е наменет за земјите од Африка, односно на одредени места каде што нема довод на електрична енергија.

Овој телевизор енергијата ја добива од соларен панел што сончевата светлина ја претвора во струја. Освен телевизор, во овој пакет се вклучени и четири LED светилки, рачна светилка, полнач за мобилен телефон и преносен радио приемник. Сите овие уреди се опремени со батерии што може да се полнат.

Што се однесува до телевизискиот сигнал, телевизорот ќе го добива преку сателит, а достапни се повеќе од 60 телевизиски и 20 радио канали. Овој телевизиски сет најпрво би бил достапен за жителите на Кенија, а потоа и во другите земји од Африка.