Новата кампања за Playstation е како сцена од „Монти Пајтон“ (ВИДЕО)

Како сцена од легендарната комична серија „Монти Пајтон“ изгледа новата реклама за Playstation 4. Прикажани се британски војници од Првата светска војна, коишто се спремаат за напад врз непријателски бункер.

Но, наместо да разговараат за нападот, тие почнуваат да дебатираат за бојата на очите на нивниот командант кои изгледаат премногу реално.

Дебатата е толку примамлива што ги привлекува и непријателските војници да се доближат до британскиот ров и да се вклучат во разговорот.

Идејата на креаторите на видеото е да покажат колку се реалистични боите и деталите во новата играчка конзола, PS4 Pro.

Зад комичната кампања стои агенцијата „BBH“ од Њујорк.