Новиот ултраширок монитор на Dell има екран од дури 49 инчи

Бројни широки монитори се достапни на светскиот пазар, но ниту еден не може да се спореди со новиот ултраширок монитор на компанијата Dell кој има дури 49 инчи.

Ова е воедно прв монитор со оваа големина со QHD резолуција, а го носи името Ultra Sharp U4919DW.

Новиот монитор на Dell има закривен екран со резолуција од 5.120 x 1.440 пиксели, а може да се подели на два 27-инчни прикази од 16:9.

Неговата огромна големина и резолуција значи дека корисниците можат да си играат со распоредување на повеќе екрани, со доволно вертикални пиксели, со цел сите елементи да изгледаат пропорционално, без оглед на невообичаениот однос на ширината и висината на мониторот од 32:9.

Ultra Sharp U4919DW мониторот сигурно не е за гејмери и креативци, бидејќи нема HDR и лимитиран е на брзина на освежување од 60 Hz. За оние кои бараат подобри перформанси, наскоро ќе биде достапен и 49-инчен монитор на Samsung со брзина на освежување од 120 Hz и HDR.