Самите изберете како ќе заврши најавата за играта Resident Evil (ВИДЕО)

Авантуристичката компјутерска игра „Resident Evil“ доби свое ново продолжение. Но, овојпат од технички аспект, таа е неколку нивоа погоре од претходните изданија.

Дел од напредокот е и интерактивната најава за играта, а почна да се емитува на „Јутјуб“. Гледачите можат самите да избираат во која насока ќе се движи рекламата и чија приказна ќе ја следат.

Со интерактивното видео, гледачите можат лично да ја почувствуваат возбудата што ја носи играта така што стануваат дел од неа и откриваат со што ќе се соочат во нејзиното ново продолжение.

Од компанијата „Capcom“, од каде излезе играта, велат дека резултатите од интерактивното видео се одлични.

„Повеќе од 85 проценти од луѓето што почнале да ја гледаат рекламата, ја изгледале до крај, со сите нејзини верзии“, вели Стефано Бароло од „Capcom“.

Интеркативното видео е слично на новата епизода од серијалот „Black mirror“, насловена „Bandersnatch“, а во која гледачите самите го избираат крајот.

Интеркативните видеа стануваат тренд во видео-индустријата, а се покажуваат како одличен погодок и во маркетинг секторот.

Зад кампањата за „Resident Evil 2“ стои агенцијата „Biborg“ којашто е фокусирана на дигитални огласувачки кампањи.